Турска компанија ќе гради ветерници во Македонија

Општина Гевгелија издаде одобрение за за изградба на пет ветерници кај Миравци, на турската компанија „Калтун енерџи”, со седиште во Скопје.

Овие ветерници се дел од Ветерен парк „Дрен”, каде е предвидено да има вкупно 10 ветерници. Петте ветерници ќе бидат поставени од 246 до 736 метри надморска височна на ридест терен.

Според инвеститорот по издаденото одобрување за градба од општината, извршиле уплата и на комуналниот надоместок, и се направени сите подготовки за реализација на овој проект.

error: Content is protected !!