Cамо една компанија од Македонија на листата 100 најголеми компании во Југоисточна Европа

За тоа колку сме економски мали дури и во бизнис рамки, најдобро говори што на листата 100 најголеми компании во Југоисточна Европа има само една компанија од Македонијам според најновото рангирање за 2020 година што го направи Seenews.

Единствена компанија од Македонија на листата е Џонсон Мети кој произведува катализатори за автомобили со приходи од 1,7 милијадари евра во 2020 година, но и Џонсон Мети забележа пад од два места, но и пад на приходот од 8,16% во споредба со 2019 година. А во 2020 година Џонсон Мети остварил профит од 68,4 милиони евра.

Од 100 најголеми компании во Југоисточна Европа во топ 5 дури четири се од Романија каде Дачија е на прво место со приходи од 3,8 милијарди евра, иако компанијата лани имала пад на приходите од 25,5% и профит од 61,2 милиони евра. Интересен податок е што Албанија нема ниту една компанија во топ 100.

Комбинираниот приход на ТОП 100 компании во Југоисточна Европа падна за 7% на 120 милијарди евра , во споредба со рекордните 129 милијарди евра што компаниите ги оставрија една година претходно.

Нафтената и автомобилската индустрија претрпе сериозна штета од кризата предизвикана од корона вирусот, додека трговците на мало остварија раст на приходите, за што најголема заслуга има е-трговијата.

error: Content is protected !!