Светска банка сугерира Македонија да воведе данок на јаглерод

Светска банка сугерира Македонија да воведе данок на јаглерод кое според нив на долгорочен план ќе стимулира зелена транзиција и ќе ја намали употребата на јаглен во земјава. А како ќе ја корегираат даночната политика, властите сами да определат, но за ново оданочување треба да намалат друга давачка, посочуваат од Светска банка.

-Како ќе се воведе овој данок зависи од Владата. Може да се воведе и истовремено да се намали данокот на приход, кој од своја страна ќе помогне да се стимулира учеството на пазарот на трудот, исто така ќе го зголеми стандардот на живеење… , изјави Сања Маџаревиќ – Шујстер од Светска Банка.

error: Content is protected !!