За прв пат по 7 години цената на нафтата надмина 85 долари за барел!

Цените на нафтата во понеделникот пробија уште една граница, минувајќи ја цената од 85 долари за барел за прв пат по седум години.

Американската нафта скокна за 1,2 отсто на 85,07 долари за барел. Шти е за пат после октомври 2014 година.

Растот се интензивираше во последните недели како што се појави глобалната енергетска криза, обележана со зголемените цени на природниот гас, јагленот и суровата нафта.

Нафтата само овој месец поскапе за 13% , а досега поскапе за 120% во однос на претходната година. Зголемувањето на нафтата ги засилува инфлаторните притисоци и ги зголемува трошоците за живот.

Галон бензин е 3,38 долари во САД, во споредба со 3,32 долари пред седум дена. Пред една година, кога возеа помалку луѓе, просечната цена на бензинот беше 2,16 долари за галон.

Суровата нафта „брент“, глобален репер, во понеделникот порасна за 1 отсто, достигнувајќи највисоко ниво во текот на денот од 86,51 долар за барел, што е нов тригодишен максимум.

error: Content is protected !!