Kои држави имаат највисоки, а кои најмали пензии од земјите на поранешна Југославија?

Новинарите од Anadolu Agency направија истражување за државите од Балканот поточно државите што произлегоа од поранешна Југославија, на тема пензии каде направија истражување какви пензии по висина се исплаќаат во овие држави, и споредба на просечната пензија од 2021 година во споредба со 2013 година.

Хрватската пензија во август изнесувала 373,1 евра, што е за 20,3% повеќе во однос на 2013 година кога изнесувал 310 евра.

Во Црна Гора просечната пензија изнесува 293 евра месечно, за разлика од 2013 година кога изнесувала 278 евра и е повисока за 5,3%.

Просечната пензија според Здружението на пензионери на Македонија, исплатена во јуни годинава изнесувала 255 евра, што е за 77% повеќе од пред осум години кога просечната пензија била 144 евра.

Кај нашиот северен сосед Србија, просечната пензија во август годинава достигнала 249,9 евра. Што е за 14,1% повеќе од 2013 година, кога просечната пензија изнесуваше 219 евра.

Во Босна и Херцеговина според последните податоци, пензиите се 215 евра, што е за 25,7% повеќе од пред осум години, кога просечната пензија изнесуваше 171 евро. Додека во Словенија просечната пензија е 549 евра.

Според ова истражување на репортерскиот тим на Anadolu Agency (AA), покажува дека просечните пензии се највисоки во Словенија и Хрватска, а најниска во Босна и Херцеговина.

error: Content is protected !!