Наскоро нè очекуваат нови повисоки цени на брашното и лебот

Наскоро нè очекуваат нови повисоки цени на брашното и лебот. Мелничко-пекарската индустрија ќе мора да ја зголемат цената на производите за да можат да го преживеат шокот од високите цени на енергенсите и суровините, велат од нивното Здружение, објави Плус Инфо.

Дел од мелниците веќе имаат најава од снабдувачите на струја дека нема да ги реализираат договорите бидејќи им се заканува банкрот, поради разликата на договорената цена и цената за набавка на нови киловати струја. Новите договори кои ќе ги потпишат за месец до два ќе бидат на драстично повисоки цени на струјата.

Пекарниците, пак, иако ги зголемија цените на производите во изминатиот период, најавуваат ново поскапување како резултат на високите цени на струјата, нафтата и повисоките цени на брашното кое го обезбедуваат од домашниот и странскиот пазар.

– Новите договори за снабдување со струја кои ќе ги потпишат компаниите од овој сектор ќе бидат со драстично повисоки цени. Досега струјата се зголеми за 400 отсто. Тоа ќе влијае мелниците да ги зголемат цените на брашното за да можат да опстанат. Во Србија, од каде што најмногу се увезува брашно веќе е зголемена цената за 70 отсто. Сето тоа дополнително ќе ги зголеми трошоците на пекарниците и неминовно ќе биде да се зголеми цена на лебот и другите производи. Во спротивно ќе треба да ги затвориме мелниците и пекарниците – вели Горан Малишиќ од Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора.

Малишиќ додаде дека ако не се случи зголемување на цената на крајните производи во мелничко-пекарската индустрија ќе има клуч на врата и отпуштање на работници. Во оваа индустрија, додава тој, вработени се над 10.000 вработени, но од неа живеат и 100.000 земјоделци кои го продаваат житото кај нас. Затоа секоја најава за замрзнување на цените на овие производи е одвишно и не треба да се планира – вели Малишиќ.

Целиот текст можете да го прочитате на Плус Инфо.

error: Content is protected !!