За време на изборниот молк Владата го изгласа предлог-буџетот за 2022 година
Владата за време на изборниот молк одржа седница на која го изгласа буџетот за 2022 година. Според владиното соопштение, информацијата за одобрениот буџет е објавена денеска бидејќи во саботата беше изборен молк. Според законските рокови, буџетот во следните две недели ќе биде испратен до Собранието на понатамошни постапки.
-Владата на Република Македонија на 116-тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.
Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција, објави Владата.