Што предложил Чифлиганец, а претседателот Вучиќ прифатил?

Македонските бизнисмени Ванчо и Душко Чифлиганец, топ менаџментот на Адора, која што во моментов во Србија има градежна инвестиција од 15 милиони евра во двете насоки, на средбата „Отворен Балкан“ во Белград со претседателот на Србија, Александар Вучиќ го отворија прашањето и побараа да се потпише договор меѓу двете земји со кој ќе им се овозможи на македонските и на српските граѓани да купуваат и поседуваат недвижен имот во двете соседни земји, соопштија од „Адора“.

Од таму додаваат дека српскиот претседател Вучиќ веднаш реагирал и побарал од српските и македонските служби да најдат решение и ова прашање што поскоро да се затвори за македонските граѓани слободно да можат да купуваат недвижен имот во Србија и обратно, српските граѓани во Македонија. Тој очекува прашањата кои што денеска беа отворени во Белград, да се затворат во најбрз можен рок во интерес на бизнисмените и на граѓаните.

error: Content is protected !!