Ден пред изборите Владата донела Уредба за критериуми за прогласување кризна состојба поради состојбите во енергетиката

Еден ден пред изборите, во саботата, Владата донела Уредба за прогласување кризна состојба поради состојбите во енергетиката. Оваа уредба е објавена во Службен весник.

-За критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушување на пазари на еликтрина енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности“, се вели во воведот на Уредбата.

За воведување на електроенергетска кризна состојба потребно е да се формира Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија. Таа Комисија е составена од, по еден претставник од Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, ОЕПС, ОПЕЕ, Операторите не електро дистрибутивните системи. Мандатот на членовите изнесува четири години.

Комисијата врши проценка на состојбите со снабдувањето со електрична енергија во Македонија и во соседните држави. Изготвува и доставува министерот за економија.

error: Content is protected !!