Груевски:Рудниците сега имаат нова технологија и не загадуваат, така ќе биде и во Иловица, која е инвестиција од 350 милиони евра

За да се подготви проект како Иловица – Штука, досега се инвестирани 50 милиони евра, а во првите две години за изградба се планирани 350 милиони евра. Тоа е од значење не само за локалната туку и за националната економија, рече д-р Живко Груевски, директор за комуникации во ЕуромаксРесоурцес на гостувањето во Утрински брифинг на Слободен печат.

-Ова е мега инвестиција од 350 милиони евра. Не е замислена инвестиција што ќе биде. Туку таа мега инвестицијата е веќе тука. И треба да се изјасниме дали ќе ја задржиме како држава или ќе ги истераме. Но се прашувам и кој ќе ја поднесе одговорноста од иселување на младите генерации поради бесперспективноста, од последиците од економскиот колапс поради економската, енергетската криза, инфлаторните притисоци…, вели д-р Груевски.

Во разговорот д-р Груевски зборува и за искуството во една од најчистите еколошки држави во Европа, Финска, која има и најмногу, 40 рудници.

-Рудниците сега имаат нова технологија и не загадуваат, така ќе биде и во Иловица. Нашите испитувања велат дека нема да има загадување. Еколошките здруженија се апсолутно неопходни, но треба да се повикуваат на науката а не на паушални оценки и да си играат со иднината на идните генерации, вели Груевски.

Овој проект со рудниците ќе носи најмалку 5 милиони евра за локалните општини во струмичко кои се релативно мали општини и тоа не е занемарливо. Но, оние кои се спротивставуваа на рудниците сега се во советите на општините. Локалните жители стравуваат дека ќе замре земјоделскиот бизнис, а нивниот активистички пристап очигледно имаше резултат. Се водат неколку судски процеси, арбитражата е подготвена – т.е. компанијата ќе ја тужи Македонија пред Меѓународниот суд за неисполнети обврски.

error: Content is protected !!