РЕК „Битола“ во дефект и не произведува струја!

РЕК „Битола“, повторно не произведува струја поради дефект на котелот, Блок 1. Тоа беше единствениот блок со кој РЕК викендов произведуваше струја. Во моментов не работи ниеден од трите блока на РЕК „Битола“.

-Се очекува брза санација и враќање на блокот на мрежа денеска. Санацијата на скината цевка се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови, пишува во соопштението на комбинатот.

За три дена, ова е втор испад на блок во РЕК, со што по вторпат комбинатот остана без свое производство на струја.

error: Content is protected !!