Зејтинот надмина 100 денари за еден литар!

Продолжува растот на цените на маслото за јадење. Зејтинот од марката „Брилијант“ веќе се продава по 105 денари за еден литар, а „Кристал“ може да се најде за 95 денари. Сончогледовото масло „Флориол“ вообичаено е поскапо од другите типови на зејтин и сега се продава по цена од 120 денари за литар, објави Слободен Печат.

Во Македонија само една компанија е производител на масло за јадење „од нива до трпеза“, односно го преработува сончогледот, а тоа е „Благој Ѓорев“ од Велес , додека другите се увозници на нерафинирано масло за јадење и потоа го допреработуваат. И едните и другите ја најавија корекцијата на цената. Рафинериите за масло за јадење ја посочија високата цена на нерафинираното масло во странство, а од „Благој Ѓорев“ рекоа дека цената на сончогледот на берзите значително се зголемила, а дека е зголемена и цената на транспортот и на амбалажата.

error: Content is protected !!