(ВИДЕО) Со новиот иновативен кабел на Форд електричните автомобили ќе се полнат за само 5 минути

Форд и Универзитетот Пердју од САД успеале да направат нов тип на кабел за полнење кој е 4,6 пати побрз од „суперполначот“ на Тесла, на кој му се потребни 20 минути за целосно полнење на електричното возило.

Полнењето на електричните автомобили со поголема брзина бара поголема моќност, што резултира со повеќе топлина. За да можат полначите да работат брзо, потребно е да се отстрани дополнителната топлина, во спротивно би било невозможно да се скрати времето на полнење.

За да го решат овој проблем, научниците од Универзитетот Пердју дизајнирале специјален кабел користејќи алтернативен метод на ладење.

Користејќи течност како активно средство за ладење, тимот од научници и инженери на Форд постигнал одлични резултати и сега работат на понатамошно развивање на овој метод.

Времето на полнење на електричните возила варира од 20 минути на станица за брзо полнење до неколку часа во домашни услови.

Од почетокот на употребата на електричните возила, полначите постојано се подобруваат, а развиен е и широк спектар на полначи. Ако автомобилот е компатибилен со ултра-брзи DC полначи, обично се потребни 20 до 40 минути за да се наполнат батериите. Затоа новиот тип на кабел е исклучително важен бидејќи барем теоретски го скратува времето на само 5 минути.

error: Content is protected !!