Македонската Counter Strike репрезентација како шампион се враќа од Светското еспорт првенство кое се одржа во Израел

Македонската Counter Strike: Global Offensive репрезентација како шампион се враќа од Светското еспорт првенство кое се одржува во Израел.

Тимот на Bluejays во состав Јане „aidKiT“ Апостолоски, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Павле „stYleEeZ“ Стојановски и Кристијан „fodor“ Поповски кој ја преставуваше Македонија на Светското првенство во Ејлат во финалето со 2 : 0 го совлада романскиот претставник.

Во формат подобар од три, првата рунда се играше на мапата „Inferno“ која беше избор на македонската репрезентација. Втората мапа „Mirage“ беше избор на Романците. Mакедонските е-спортисти славеа со 16:10 и 16:11 во формат подобар од 30 и со тоа победија против фаворитот во финалето.

Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Павле Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции, објави IT.mk.

error: Content is protected !!