Србија ги врати сите златни резерви дома – нема да ги чува во странски држави повеќе

Србија има повеќе од 37 тони златни резерви и целото злато е повлечено во земја, изјави денеска гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ.

Таа истакна дека пред неколку месеци, по состанокот со претставниците на ММФ, при напуштањето на салата српскиот претседател Александар Вучиќ прашал дали златните резерви на Србија се „надвор“ и дека смета златото треба да биде во Србија.

-Реков дека е во странство, во Берн, Швајцарија и дека во Лондон од „тогаш“ останал само еден тон. Вучиќ ми рече дека мисли дека треба да биде овде во Србија, со забелешка – не знаеш што се случува во светот“, истакна Табаковиќ.

Таа вели дека веднаш, во рок од два месеци, организирала префрлање на сите златни резерви во Србија. Целото злато на државата Србија е во трезорите на НБС, над 37 тони, нагласи таа.

error: Content is protected !!