Полска ќе ги намали акцизите за бензинот и ДДВ-то за гасот и електричната енергија за да им помогне на Полјаците

Полска ќе ги намали акцизите за бензинот и ДДВ за гасот и електричната енергија за неколку месеци и ќе им обезбеди на граѓаните парична помош за да го олесни товарот од повисоката инфлација, соопшти денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Инфлацијата во Полска во октомври се зголеми на 6,4 отсто, според Евростат, оптоварувајќи ги буџетите на домаќинствата и намалувајќи ја нивната куповна моќ.

– Полската влада одлучи да преземе конкретни мерки за … да го ублажи, амортизира ударот на посилната инфлација, рече премиерот на прес-конференција.

Во петмесечниот период, почнувајќи од 20 декември, акцизите за бензинот ќе се спуштат на најниско ниво дозволено со регулативите на ЕУ, најави Моравјецки.

Во првите три месеци од идната година, стапката на ДДВ за гасот ќе се намали од 23 на осум проценти, а стапката на ДДВ за електрична енергија од 23 на пет проценти.

Домаќинствата ќе добијат и финансиска поддршка во форма на посебен додаток, чиј износ ќе зависи од висината на приходите и ќе се плаќа на две рати во 2022 година.

Мерките се во вредност од 2,4 милијарди долар, информира полскиот премиерот.

error: Content is protected !!