Претседателот на Ел Салвадор се пофали дека докупиле 100 биткоини кога цената паѓала

Најб Букеле кој е претседател на централно американската држава Ел Салвадор се пофали дека неговата земја го искористила падот од 7,7% на биткоинот во петокот и купила уште 100 биткоини.

Заклучно со 27 октомври, Ел Салвадор поседува 1.100 биткоини. Криптовалутата е законско средство за плаќање од 7 септември годинава.

Пред неколку дена ММФ го предупреди Ел Салвадор за ризиците од користењето на биткоин како законско платежно средство.

-Употребата на биткоинот исто така води до потенцијални финансиски обврски. Заради тие ризици биткоин не би требало да се користи како законско средство за плаќање, соопшти ММФ препорачувајќи и на владата на Ел салвадор да го стесни законот за биткоинот и да ја зајакне регулативата и надзорот над новиот платен екосистем.

Со оглед на високата волатилност на цената на биткоинот, предупредува ММФ, неговата употреба како законско средство за плаќање повлекува со себе значителни ризици во поглед на заштита на потрошувачите, како и по финансискиот интегритет и финансиската стабилност.

Очигледно претседателот на Ел Салвадор не е многу загрижен од предупредувањата од ММФ со оглед дека за време на “дипот” си докупи уште 100 биткоини. За неколку месеци на Ел Салвадор му доспеваат стари долгови, и големо прашање е дали има намера да ги врати.

error: Content is protected !!