Тесла се откажа од 1 милијадарда евра субвенциja а Елон Мaск побара укинување на сите субвенции

Компанијата „Тесла“ во пeтокот го повлече барањето за државни субвенции за изградба на фабрика за батерии во околината на Берлин, a Елон Мaск преку Твитер објави дека „Тесла“ се противи на сите субвенции.

За потсетување ЕУ на почетокот од годинава одобри план за државни субвенции за поддршка на производството на батерии за електрични автомобили а причина е намалување на увозот и зависноста од Кина.

„Тесла“ требаше да добие 1,14 милијарди евра државни субвенции за фабриката во Гринхајд.

– „Тесла“ ги извести федералното министерство за економија и министерството за економија на Бранденбур за повлекувањето на барањето за државна помош за фабриката за батерии во Гринхајде, изјави портпаролот на Тесла.

Тој додаде дека оваа одлука нема да влијае на плановите за изградба на фабриката.

Основачот на „Тесла, Елон Маск, преку Твитер се обрати до јавноста за ова прашање.

– Мислењето на „Тесла“ отсекогаш било дека треба да се укинат сите субвенции.Но, тоа мора да ги вклучи и огромните субвенции за нафта и гас. Поради некоја причина, владите не сакаат да го направат тоа. ,напиша Елон Мaск на Твитер.

Германското Министерство за економија проценува дека инвестицијата „Тесла“ во фабриката за батерии изнесува 5 милијарди евра.

error: Content is protected !!