Стопанската комора е во фаза на регистрација на сопствена компанија за трговија со електрична енергија

Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев најави дека Стопанската комора е во фаза на регистрација на сопствена компанија за трговија со електрична енергија која ќе се грижи за потребите на нејзините членки.

Целта на компанијата не ќе биде создавање на профит, туку да им помогне на компаниите-членки да имаат сигурност при набавката на електрична енергија во услови на криза и да придонесе за отстранување на високите маржи кои им ги наплаќаат трговците со струја.

-Има големи компании кои можат да набават струја по 90 евра за мегават час, но не можат тоа да го направат зашто немаат дозволи за увоз. Има и помали компании кои немаат начин како да увезат електрична енергија иако имаат пари и можат да ја платат, рече Пешев.

error: Content is protected !!