Азески:Бргу ќе се види дека „недела-неработен ден“ нема ефекти и ќе биде повлечено

Не може сега, во Охрид, чаршијата да не работи во недела. Туристи во зима не доаѓаат во Охрид во вторник, туку во недела.. Мислам дека нема да придонесе. Бргу после ова ќе се види дека нема ефекти и ќе биде повлечено, вели Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора во интервју за Гласот на Америка.

-Мислам дека нема да придонесе. Бргу после ова ќе се види дека нема ефекти и ќе биде повлечено-истакнува Азески, при одговор на прашање за ставот на Стопанската комора прогласувањето на денот недела за неработен ден.

Според него, тие секогаш имале негативен став по ова прашање.

-Иако владата се обиде со маневар да изземе одредени категории. Ние сметаме дека тоа е пазарна категорија и треба да се однесуваме така кон сите пазарни категории. Мислам дека ова владата не сакаше до крај да го сослуша. Беше определена ова да го направи, не знам од кои причини. И мислам дека нема да придонесе. Бргу после ова ќе се види дека нема ефекти и ќе биде повлечено-рече Азески.

error: Content is protected !!