Green Peace бара ЕУ да ги укине кратките летови, а ЕУ сериозно размислува да го прифати нивниот совет

Green Peace асоцијација на еколошки активисти, и предлага на ЕУ да ги укине кратките летови, кои може да се заменат со возење со воз под шест часа, поради како велат подигање на свеста за климатските промени.

Од 150 најпопуларни летови во ЕУ, повеќе од една третина имаат алтернативни возни редови. Според Green Peace ова особено важи за познатите летови Париз-Амстердам, Мадрид-Барселона, Минхен-Берлин, кои според нив испуштаат 9 до 12 пати повеќе CO2 од железничкиот сообраќај.

Овие барања се појавија по средбата во Глазгов за се поголемите последици и катастрофи предизвикани од климатските промени. Гринпис бара од владите на европските земји да ја подобрат железничката инфраструктура, да го поевтинат патувањето со воз, да ги подобрат познатите рути и да организираат ноќен возен ред. Намалувањето на воздушниот сообраќај значително ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид, велат од Гринпис.

Оваа позната меѓународна еколошка организација лобира за укинување на дозволите кои им овозможуваат на евтините компании да ги намалат цените на билетите, а во исто време да помогнат да поевтини железничкиот транспорт. Билетите за возовите се скапи поради монополот што ги имаат многу железници, вклучително и државните.

Владите на земјите од Европската унија веќе почнаа да размислуваат на овие теми. Се повеќе политичари зборуваат за заживување на Трансевропската железница која ќе превезува патници меѓу Германија, Франција, Холандија, Белгија и Италија.

error: Content is protected !!