Ковачевски не ја исклучува можноста за времено преземање (национализирање) на компаниите во Скопје кои се задолжени да обезбедат топлинска енергија

Министерството за финансии обезбеди поволен кредит од 8 милиони евра со кои БЕГ може да набави гас за парно греење за скопјани, вели мандатарот Димитар Ковачевски и додава дека за кредитот БЕГ треба да понуди гаранција според пазарни банкарски услуги. Ако тоа не се случи, Ковачевски кажа дека се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите кои имаат лиценци за обезбедување топлинска енергија.

-Министерството за финансии обезбеди финансиски средства за БЕГ со кои може да набави гас. Средствата се од развојната банка на Северна Македонија во форма на поволен кредит од 8 милиони евра. Тие се понудени на компанијата, меѓутоа за кредитот БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција според пазарни банкарски услуги. Доколку тоа не се случи, тогаш се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје којшто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје, вели мандатарот.

error: Content is protected !!