H&M конечно ќе отвoри продавница во Скопје!
Арсим Папранику, првиот човек на Ист Гејт Мол на својот инстаграм профил објави видео со кое го најавува доаѓање на познатиот светски бренд кој сите долго го очекуваме. На него се гледа дека на просторот наменет за овој бренд стои натпис дека H&M ќе започне со работа во 2022 година.
Инаку во 2022 година H&M ќе стартува на шест нови пазари: првите продавници ќе се отворат во Еквадор, Косово и Македонија и преку франшиза во Костарика, Гватемала и Камбоџа. Воведувањето на H&M онлајн продолжува во 2022 година со Белорусија, Колумбија, Казахстан, Перу и Украина.
Извршниот директор Хелена Хелмерсон рече дека групата „силно ја заврши годината, со продажбата повторно на исто ниво како пред пандемијата и со подобра профитабилност отколку што беше веќе неколку години“.
Групацијата со седиште во Стокхолм соопшти дека нејзината бруто добивка за четвртиот квартал се зголемила за 14% на 31,3 милијарди круни (3,3 милијарди долари), додека за целата година се зголемила на 105 милијарди круни (11 милијарди долари), од 93,5 милијарди круни.
Видео од продавницата на H&M во Ист Гест во Скопје која наскоро треба да биде отворена.
