Македонецот Крис Павловски му нуди 100 милиони долари на Џо Роган да се пресели на Rumble

Џо Роган со години го има најслушаниот подкаст во САД, а од пред некое време своите подкасти ги емитува на Spotify, овие денови тој е на удар од американските прогресивисти, кои се лутат за ставовите искажани од страна на неговите гости како и за неговите наводни расни навреди во неговиот подкаст.

Тоа е официјалниот повод, но причината е што Џо Роган во неговите емисии ги руши наративите на прогресивистите во “разбудена” Америка.

Музичарот Нил Јанг постави ултиматум или тој или Џо Роган да си замине од Spotify, но Spotify застана зад Џо Роган, но пристисокот врз Spotify расте и од други музичари како и од акционерите во Spotify кои стануваат се пожестоки дека Џо Роган треба да биде избркан од Spotify.

Но, интерeсен пресврт во целата работа носи Македонецот, Крис Павловски кој е основач на Rumble видео платформа пандан на Youtube, но без цензура, со понуда до Џо Роган да го префрли неговиот подкаст на Rumble.

Притоа му е загаранитирана слобода на говор и ветување дека нема да биде цензуриран. Во писмото потпишано од Павловски до Роган му нуди 100 милиони долари за 4 години соработка. Останува да видиме дали Џо Роган ќе ја прифати оваа понуда.

error: Content is protected !!