Владата отпочна процес за резервација на капацитети за природен течен гас од Александропулос со цел обезбедување алтернативни извори на гас
Владата на Република Македонија донесе одлука за отпочнување процес за реализација на меѓународна инвестиција, која е првиот чекор кон реализирање на стратешките цели за енергетска независност, сигурност и безбедност и фокус на алтернативни извори на гас, информираат од владината прес-служба.
-Владата, преку АД Електрани на Македонија отпочна процес на за резервација на капацитети за природен течен гас во ЛНГ Терминалот Александропулос, Република Грција што ќе овозможи зголемување на сигурноста во снабдување со природен гас за граѓаните.
Реализацијата на оваа инвестиција потенцијално ќе значи отворање втора рута, односно снабдување на Република Македонија со течен гас од други земји, покрај моменталниот снабдувач. Ова ќе значи потенцијално зголемување на капацитетот за дотур на гас во земјава, би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените.
Покрај сигурното и долгорочно снабдување со природен течен гас за граѓаните на Македонија, се очекува и да се зголемат и инвестициите во гасификацијата. Имајќи ја предвид денешната енергетска криза во Европа и кај нас, ова е конкретен чекор која треба да даде резултати во стабилизација на снабдувањето со енергија во Република Македонија.
Реализацијата на овој геостратешки проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка за ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар, стои во соопштението на Владата.