Ирска ќе намалува даноци на горива, а уште изминатиот месец се обврза за намалување на сметките за енергија на домаќинствата

Ирска ќе го намали данокот на горивата поради зголемените цени поттикнати од руската инвазија на Украина. Владата ќе ја намали акцизата за безоловен бензин за 20 евроценти по литар и за 15 центи за дизелот, изјави министерот за финансии Пашал Донохое пред новинарите во Даблин.

Кај данокот на таканаречениот зелен дизел што се користи во индустријата и за греење на домовите исто така ќе има намалување.

Овие кратења ќе останат во сила до крајот на август и ќе чинат околу 320 милиони евра, односно 320 милиони евра ќе заштедат ирските компании и граѓани.

„Ги чуствуваме последиците од војната“, изјави Донохое. „Ова е одгвор од Владата да помогне и да ги ублажи влијанието на овие промени на цените, но ние не’ можеме да ги заштитиме граѓаните и бизнисите од целокупното влијание на овие трошоците“.

Безоловниот бензин во последните денови достигна највисока вредност од околу 2 евра за литар на некои бензински пумпи во Ирска, што е еквивалент на околу 8 долари за галон.

Ирската Влада уште минатиот месец се обврза на план вреден 505 милиони евра за намалување на сметките за енергија во домовите.

error: Content is protected !!