Русија го укина ДДВ-то за купување на злато!
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон за укинување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за продажба на злато од банки на физички лица.
Според Москва одлуката е донесена за да им се помогне на Русите да ги користат благородните метали како инвестициска алатка, оваа мерка е дел од напорите на Москва за де-доларизира на економијата. Претходно во Русија, ДДВ-то за купување злато беше 20%.
Во вторникот, се појавија информации дека американски сенатори се обидиле да ја блокираат Русија да ги продава своите златни резерви поради нејзината воена акција во Украина.