Финска пушти во употреба нуклеарна централа прва после 15 години во Европа

Финскиот нуклеарен реактор Олкилуито 3 по долго одложување во саботата започна пробно производство, објави операторот TVO, а се очекува дека со времето ќе ја намали потребата на оваа нордиска земја за увоз од електрична енергија и ќе доведе до пониски цени на струјата.

Реакторот од 1,6 гигавати (GW) требаше да биде ставен во функција уште во 2009 година, но го следеа технолошки проблеми кои станаа предмет на тужби.

Станува збор за првата нуклеарна централа во Финска по повеќе од четири децени и првата во Европа по речиси 15 години. Олкилуито 3 го започна пробното производств, а целосно и редовно производство на електрична енергија е планирано за крајот кон јули годинава.

За таа нуклеарна централа се очекува дека со тек на време ќе ја намали потребата за увоз на електрична енергија и ќе доведе до пониски цени на струјата. Ова се случува во време на се поголем страв од енергетска криза во Европа откако Москва се закани дека ќе го затвори главниот гасовод до Германија ако европските земји го забранат увозот на руска нафта.

Се очекува дека Олкилуито 3, кога ќе биде целосно оперативен, ќе задоволува 14% од побарувачката за електрична енергија во Финска и ќе ја намали потребата за увоз од Русија, Шведска и Норвешка.

error: Content is protected !!