Половина од руските девизни резерви се замрзнати со санкциите

Околу 300 милијарди долари од 640 милијарди долари што Русија ги има во златни и девизни резерви беа замрзнати со странски санкции. Ова го изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Тој рече дека Западот врши притисок врз Кина да ја ограничи трговијата со Русија со цел да го попречи пристапот на Москва до дел од државните резерви што Русија ги чува во кинески јуани, пренесе Ројтерс.

„Но, мислам дека нашето партнерство со Кина сепак ќе ни овозможи да ја одржиме соработката што ја постигнавме и не само да ја одржуваме, туку и да ја зголемиме во средина каде што западните пазари се затворени“, рече Силуанов.

Тој исто така рече дека Русија ќе ги исполни своите обврски кон државниот долг и дека ќе го плаќа во рубљи додека не се одмрзнат државните резерви, пренесе агенцијата РИА Новости.

error: Content is protected !!