Повик за учесници: Школа за Објективизам – Џон Галт, 2022
Ни претставува огромна чест и задоволство да ја организираме третата по ред Школа за објективизам: Џон Галт. Школата ќе се одвива онлајн на платформата zoom во период од крај на април до почеток на јуни.
Целта на школата е запознавање со философијата на Ејн Ранд – објективизам, нејзните основни елементи, влијанието на објективистичките идеи врз современиот свет, како и имплементирање на идеите за личен развој и професионален успех.
Школата е во организација на Либертаниа и Студенти за слобода, со подршка на Ayn Rand Center Europe и Prometheus Foundation. Истата ќе опфати 8 сесии, околу 20 учесници, 6 предавања и 2 работилници од областа на философија, политика, економија, право и личен развој. Тематиката на школата е поврзана со философијата на Ејн Ранд, објективизам, како и со идеите на слободарството или либертаријанизмот.
Можности со успешно завршување на школата:
- Зголемени знаења и искуства од областа на философијата на објективизмот и слободарството,
- Потврда за завршена школа за објективизам,
- Вмрежување со млади лидери и слободарски организации, од типот на Students for Liberty, Ayn Rand Center Europe и Prometheus Foundation,
- Стипендија за посета на Ејн Ранд конференцијата, која ќе се одржи следната година на пролет (оваа година конференцијата е закажана за април во Прага, Чешка Република, а околу 20 студенти кои учествуваа на претходните школи добија стипендија за посета на истата),
- Избор за локален координатор на Students for Liberty и Либертаниа,
- Организација и учество во проектните активности на Students for Liberty и Либертаниа,
- Дружење и запознавање со голем број на млади луѓе.
Пријавете се на следниот линк: линк за пријавување.
Краен рок за пријавување е 18 април 2022.
Школата започнува на 21 април 2022 (четврток) со почеток во 19 часот, а наредните предавања и работилници ќе се одржуваат во временски интервал од една седмица.
Дополнително ќе биде објавен и распоредот со предавачите, предавањата и работилниците на школата.
Доколку имате прашања, слободно контактирајте не на libertaniaccp@gmail.com.