Започна изградбата на гасниот терминал Александрополис, вреден 400 милиони евра

Започна изградбата на новиот гасен терминал во Александрополис. За 20 месеци е проектирано да протечат првите количества гас од станицата со капацитети за снабдување од 5,5 милијарди кубни метри на годишно ниво. Партнери во проектот се Грција, Македонија, Србија и Бугарија.

-Александрополис е светилник што испраќа двоен сигнал, сите земји заедно ќе ја преземеме клучната улога, по неодамнешната уцена во Москва, проектот е поважен на енергетска карта рече Киријакос Мицотакис, премиерот на Грција.

-Време е вистината да покаже што можеме заедно да постигнеме, проектот ќе нè направи посилни и понезависни од рускиот гас“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Македонија обезбедува нова линија за проток на природен гас што ќе ги зголеми капацитетите, и ќе ја зајакне либерализацијата на пазарот и конкурентноста на цените.

-Со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од соединетите американски држави, блискиот исток и други земји. ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, сето тоа ќе влијае и на намалување на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети, рече премиерот Ковачевски.

За гасот да стигне овде државава треба да изгради интерконектор, инвестиција од 60 милиони евра, дел со финансии од ЕБОР. Во тек се и подготовките што ќе овозможат директно вклучување во изградбата на гасоводот, вели Ковачевски.

Македонскиот удел е инвестиција од 25% во гасната централа на природен гас и 10% во гасниот терминал.

-Србија треба да ги изгради системите за поврзување со Бугарија за да добие поголема можност за прифати големи количини гас, но мора да се направи нешто и за поврзувањето со Македонија преку финансирањето од ЕУ, Верувам дека заедно ќе направиме многу работи, рече српскиот претседател Вучиќ.

Терминалот за складирање течен гас во Александрополис ќе чини 400 милиони евра.

error: Content is protected !!