Србија во завршни преговoри со германски и јапонски производители на автомобили да изградат фабрики во Србија

Сериозни преговори се водат со неколку светски познати произведувачи на автомобиили. Најдалеку во преговорите е отидено со Мерцедес, потврдил за српски Nedeljnik, во втората половина на мај, високо позициониран фунцкионер од администрацијата на Белград.

Уште една потрда дека се преговара потврдил за Nedeljnik и добро информиран претприемач кој е дел од германско-српската деловна заедница.

Од оскудните информации тешко е било што да се заклучи. Не се знае од кое ниво на менаџментот се преговарачите од Мерцедес, уште е непознато за каков вид на фабрика се работи (автомобили, возила за достава, мотори, делови или батерии), а може да се шпекулира и дека појавувањето на Мерцедес е некој морков од политичкиот пакет на Германија и ЕУ наменет за Србија.

Голема јапонска автомобилска компанија испратила писмо со намери до општина Инџија, каде бара детални измени на урбанистчкиот план на кој треба да се гради фабрикаtа за автомобили вредна милијарда евра, потврди претседателот на општината Владимир Гак. А веќе цитираниот функционер на администрацијата потврдил (тоа што се збореше во белградската бизнис заедница) дека зад иднината автомобилска фабрика во Инџија се крие јапонската компанијa Tojota.

Прашањето кое лебди во воздух, додека не стигнат повеќе информации за оваа зделка, е дали Тојота проценила дека и требаат нови капацитети (покрај фабриките во Турција и Чешка) за “напад” на европскиот пазар и верува дека Србија е добро место за таа стратегија.

Целиот текст е објавен во новиот број на Nedeljnik, од 26 мај.

Додека Македонија веќе петта година ги чека Фејсбук и Гугл да инвестираат тука.

error: Content is protected !!