Претседателката на Европската централна банка: Криптовалутите не вредат ништо

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави дека криптовалутите не вредат ништо.

-Мојата многу скромна проценка е дека не вредат ништо, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“, што се емитуваше во неделата, пренесува CNBC.

Тие не се засноваат на ништо, додаде таа. -Нема основни средства што би дејствувале како сидро за безбедноста.

Лагард ги повика глобалните креатори на политики да воведат правила за заштита на неискусните инвеститори кои инвестираат во дигитални средства.

Криптовалутите, особено биткоинот, изгубија повеќе од половина од својата рекордна вредност во ноември 2021 година оваа година.

-Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека на крајот ќе бидат наградени, кои не ги разбираат ризиците, кои сето тоа ќе го изгубат и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека треба да се регулира, рече Лагард

error: Content is protected !!