МЕПСО бара поскапувањe од 68% за пренос на електрична енергија

АД МЕПСО од Регулаторната комисија за енергетика бара покачувањето на тарифата за пренос на електрична енергија од 68 отсто. Операторот кој набавува струја за покривање на загубите во преносот на електричната енергија, пред претходното поскапување на сметките за електрична енергија пред половина година побара да им се признае зголемување на трошоците од 82,83 отсто според тогашните информации на регулаторот. Државниот електропреносен систем МЕПСО учествува во фактурите за струја со 4,12 отсто.

Од таму велат дека корекцијата е единствено решение во услови на се посложена ситуација на пазарот на електрична енергија и дека најголемо влијание има зголемувањето на трошоците за обезбедување системски услуги за ЕСМ и зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за обезбедување на загубите во преносната мрежа а кои се набавуваат на отворениот пазар.

“Причините за ваквото барање се повеќеслојни и не се должат на влошени резултати во работењето на компанијата, туку на објективни причини врз кои АД МЕПСО нема никакво влијание. Енергетската криза која почна да се засилува од втората половина на минатата година значително влијаеше на зголемените цени на електричната енергија на светските берзи, што во значителна мера ги зголеми пред се трошоците за покривање на загубите во мрежата’’, гласи објаснувањето на МЕПСО за „Локално“.

error: Content is protected !!