Од утре значително поскапување на горивата и храната -Владата не ги продолжи антикризните мерки

Од полноќ истекува важноста на мерките коишто беа донесени во март за ублажување на ефектите од економската криза и се отвара простор за вртоглав раст на цените на храната, горивото, акцизите и ДДВ-то.

Од утре се одмрзнуваат цените на основните производи и се најавува нов бран поскапувања во екот на економската криза која што зема сѐ поголем замав.Повторно со 5 отсто ДДВ ќе бидат оданочени лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца.

Со истекувањето на времената владина антикризна мерка со која во период од три месеци беа намалени ценитена горивата, акцизите и ДДВ-то, од полноќ цените на дериватите би можеле драматично да рипнат. Од утре стапката на ДДВ-то се враќа од 10 на 18 % при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата од 2 денари на нафта и нафтени деривати, со што се очекува значително да поскапат бензинот и нафтата.

error: Content is protected !!