Македонија го зголеми, а Германија го намали данокот за горива

Во Германија, од вчера, откако надлежните се откажаа од голем дел од данокот на енергија, резултатот е поевтини горива.

Така, бензинот е поевтин за 35 центи (околу 20 денари по литар), а дизелот за 17 центи (околу 10 денари по литар). Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период во кој Германците најмногу патуваат.

Сега, бензинот во Германија чини, во просек, 2,01 евро, а дизелот 1,99 евра за литар. Тоа и понатаму не е малку, но Германците имаат четири до пет пати поголеми плати од Македонија, па некако ќе преживеат.

Инаку, Холанѓаните се загрижени затоа што нивните граѓани отидоа до Германија по гориво и ги наполниле резервоарите. Но го превезуваат и во канистри. поради што се зголемува опасноста во сообраќајот, односно во случај на судар се зголемува веројатноста за катастрофална експлозија.

За потсетување од вчера стапката на ДДВ-то во Македонија се покачи од 10 на 18 % при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата од 2 денари на нафта и нафтени деривати, со што значително поскапеа бензинот и нафтата во Македонија.

error: Content is protected !!