Во Македонија најмалку, а во Британија најмногу купувачи на имот на кредит во Европа

Студијата на брокерот за хипотеки „Henry Dannell“ покажа дека повеќе од 25 милиони сопственици на куќи во Велика Британија влегле на пазарот на недвижности со помош на хипотекарен заем.

Само Германија и Франција се приближуваат до ова ниво со 21,5 милиони и 21 милион соодветно.

Шпанија со 13,5 милиони жители и Холандија со 10,5 милиони луѓе се единствените други земји во Европа каде што бројот на сопственици на станови со хипотеки го надминува прагот од 10 милиони.

На спротивна страна, само 0,5% од сопствениците на имоти во Македонија имаат хипотекарен заем, што е еднакво на само 10.353 сопственици на станови во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!