Првин се субвенционираа инвертер клими, а сега со новиот тарифник тие што трошат повеќе на скапа струја ќе плаќаат и повеќе

Со години наназад со цел намалување на загадувањето локалните и централните власти даваа субвенции за инвертер клими, а не е мал бројот на домаќаниствата кои за да се загреат зимно време, користеа и по две или повеќе инвертер клими. Но со поскапувањето на скапата струја ако потрошите над 420 киловат часови тогаш ќе имате повисоки сметки со новиот тарифник.

Според презентараниот предлог тарифникот за струја, според кој ќе има 4 блок тарифи, а ќе се применува од 1 јули, а принципот ќе биде како кај прогресивниот данок, односно оние кои трошат повеќе, ќе плаќаат најскапа струја. Креаторите на концептот уверуваат дека домаќинствата, кои трошат над 420 мегават часови електрична енергија, ќе плаќаат над 6% повеќе. Оние пак , кои трошат најмалку, ќе имаат пониски сметки за 5%. Сепак, пресметките се за важечките цени, а не за зголемувањето кое ќе стартува од 1 јули.

– Ако хипотетички струјата поскапи за 10%, сметките за 1 група, место за 10, ќе бидат повисоки за 5%, утешува Рубин Талевски, универзитетски професор.

Голем број забелешки имаат експертите. Моделот не е праведен, затоа што граѓаните од Скопје имаат алтернатива – да се греат на парно, а во останатите градови, каде им се даваа субвенции да ги откажат печките на дрва, поскапувањето ќе биде многу повисоко. Велат дека концептот е стар, се применувал во 70 тите, а цените се неважечки.

– Во Македонија посиромашните семејства живеат по 10 луѓе во една куќа. Родителите со синот и снаата и внуците, па може и уште некој син и снаа…Не видовме дали има опција по број на становници да се дели потрошувачката. Очекувано е дека со еден до двајца потрошувачи во едно домаќинство, каде има едно броило да имаат многу помала потрошувачка отколку кај домаќинства со едно броило но со десетина члена. Ова сметам дека е голема неправда – изјави Константин Димитров, универзитетски професор.

– Целта е да се каже дека концептот е добар. Со бројки не шпекулирам. Новата цена ќе се знае до 31 јуни, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Според анализата, во земјава има околу 800 илјади броила, односно домаќинства. Од нив, 140,000 трошат под 100 киловати, а најголем дел од домаќинства трошат од 300 до 700 киловат часови. Значи ако потрошите над 420 киловат часови на скапа струја сега ќе плаќате повеќе.

error: Content is protected !!