Ковачевски за ТВ 24: Од нова година ново зголемување на цената на струјата
Во јануари, според генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, се очекува ново поскапување на струјата.
– Веќе е сигурно дека ќе има поскапување, но јас секогаш протежирам тоа да биде благо поскапување, изјави Ковачевски за ТВ 24.
Во однос на престојната зима, Ковачевски повтори дека струја ќе има и дека рестрикциите не се опција.
-Мораме да бидеме максимално подготвени, рече Ковачевски, уверувајќи дека ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети и дека нема да се увезува електрична енергија.