700 Accelerator – повик за стартапи

Технолошкиот Парк – SEEUTechPark ја стартуваше своја најнова програма 700 Accelerator

Ако сте технолошки ориентиран стартап во seed или pre-seed фаза, оваа програма ќе ви понуди прилагодено финансирање, обука, менторство и пристап до партнерски мрежи за раст на вашиот стартап.

100-дневната програма за раст е дизајнирана да ги води, тренира и развива амбициозните технолошки претприемачи во раните фази и ефективно да ги забрза нивните технолошки потфати. Селектираните стартапи ќе добијат посветен ментор за целокупниот процес и пристап до широка мрежа на меѓународни консултанти.

Целта е акцелераторот да коинвестира до 40 илјади евра по стартап тим, заедно со надворешни инвеститори од национални и меѓународни бизнис ангели, приватни инвеститори, VC и корпорации.

Фокусот е поставен примарно на жените, младите до 40 години и ранливите групи кои ќе имаат своја економска активност и отворени нови работни места во Полошкиот регион.

Аплицирањето е отворено до 15 Јануари 2023 година на следниот линк: Апликација

Повеќе информации за повикот може да најдете на официјалната веб-страна

error: Content is protected !!