Mercedes ќе ги награди своите вработени со рекорден бонус

Топ менаџментот на германскиот производител на автомобили Mercedes се согласил да им исплати на сите свои вработени бонус од 7.300 евра. Бонустот ќе го добијат со платата за април годинава.

-Заедно постигнавме многу во 2022 година, изјави Сабине Колајзен која е дел од бордот на директори на Mercedes.

-И покрај предизвиците тимот на Mercedes направи голем чекор напред кон успешната трансформација на нашата компанија. Како признание за напредокот, се согласивме да исплатиме специјален бонус од 7.300 евра оваа година. Сумата е прилично поголема од претходниот максимален износ. Со овој рекорден бонус во историјата на компанијата, сакаме да ја искажеме благодарноста за исклучителната посветеност и лично заложување на нашите колеги.

Минатата година вработените во Mercedes добија бонус од 6.000 евра.

error: Content is protected !!