Македонија преговара да увезе работници од Пакистан, Иран, Ирак и од Авганистан?
Завчера од вицепремиерот Фатмир Битиќи стигна веста дека „годинава еднаш засекогаш ќе ја отвориме табу-темата дали во нашата држава може да увеземе работна сила за да се зголеми продуктивноста и конкурентноста на економијата“.
Работодавачите оваа вест ја примија со позитивна емоција, а претседателот на Бизнис-конфедерацијата Миле Бошков, во изјава за „Слободен печат“ рече дека тие веќе преговараат да донесат работници од Пакистан.
– Веќе разговараме да донесеме работници од Пакистан и има многу заинтересирани да работат во нашата земја. Ние, всушност, може да донесеме само работници од Пакистан, Иран, Ирак и од Авганистан. Во сите други земји има повисоки плати од нашите – вели Бошков.
Тој вели дека донесувањeто работници за потребите на нашиот бизнис не значи дека ќе се намалат платите.
– Не може да дојде до намалување на нашите плати, но за нас тоа ќе бидат вработувања на луѓе со поголем капацитет, па на тој начин тие ќе бидат поевтини – објаснува Бошков.
Macedonian Business Hub веќе ја објави веста дека Поради масовното иселување, Владата размислува за увоз на работна сила од странство.