Гувернерката Бежовска го опомена министерот Бесими:Полека со зголемување на платите ќе ја подгреете инфлацијата

Внимателно со растот на платите, можат да ја подгреат инфлацијата. Ова е пораката на гувернерката Бежоска кон министерот за финансии Бесими.

Во време на криза, кога Народната банка постојано го затега ременот за да ја заузда инфлацијата, зголемувањето на платите ќе предизвика спротивен ефект. Ќе се зголеми личната потрошувачка кај домаќинствата, што ќе предивика пораст на трошоците за живот. Платите треба да растат ако се зголеми продуктивноста кај вработените, а кај нас таа опаѓа, вели Бежоска.

„Мора да задржиме мудри монетарни политики. Но, имајќи ги предвид комплексните монетарни шокови со кои се соочуваме клучно е дека монетарните политики мора да бидат поддржани со фискални политики за да се спречи зголемување на платите кое не е поврзано со растот на продуктивноста, потенцира Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народна Банка.

За една година НБРМ за дури 10 пати ја зголеми референтната камата, последното зголемување беше вчера за 0,25 процентни поени и сега таа изнесува 5,5‚%.

error: Content is protected !!