НБРМ повторно ја зголеми основната каматна стапка

Народната Банка повторно ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени.

Со новиот скок сега изнесува 5,5 проценти. Со зголемување на камантите стапки централната банка се обидува да го намали притисокот од инфлацијата.

Од лани ова е 10-пат по ред како Централната банка прави нагорна корекција на референтната камата. На овој начин се стимулираат банките слободните пари наместо да ги пласираат како кредити да ги чуваат во НБРМ. Само за споредба, минатата година во овој период основната камата изнесуваше 1.25 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!