Познато е колкава дивиденда ќе добијат акционерите на Комерцијална банка

Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2023 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2022 година со бруто-добивка во износ од 2.311 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 161,8 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 2.149,2 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 2.149,2 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 50% од номиналната вредност на акцијата, односно по 500 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 04.05.2023 година.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 849,6 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2023 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2022 година како и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2022 година.

error: Content is protected !!