Кина купи течен гас од француска компанија и за прв пат го плати во јуани

Кина во вторникот за прв пат купи течен природен гас (LNG) од странство во јуани. Ова доаѓа во време на обиди за зголемено прифаќање на јуанот на меѓународниот финансиски пазар.

Кинеската национална нафтена корпорација (CNOOC), најголемиот офшор производител на нафта и гас во Кина, купи LNG од француската компанија TotalEnergies преку Шангајската берза за нафта и природен гас (SHPGX).

Трансакцијата беше извршена во јуани со кoja се купија околу 65.000 тони LNG. Гасот се набави од Обединетите Арапски Емирати.

Овој договор ја означува првата меѓународна трансакција со LNG, а да биде исплатена во јуани, и значаен обид да се промовира наплата во различни валути, рече Гуо Ксу претседател на SHPGX.

Ова обезбедува нов канал за меѓународните играчи да учествуваат на кинескиот пазар, помагајќи да се изгради нов модел на двојна циркулација во Кина.

error: Content is protected !!