Владата одобри државна помош од 42 милиони евра за електричниот автомобил од Тетово – фабриката уште не започнала со активна изградба

Германскиот инвеститор Некст.Е.Го Мобиле добил одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра минатата година, покажа извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2022. Произведувачот на електричните автомобили e.GO се уште не започнал со активна изградба на својата најавувана фабрика во индустриската зона во Тетово, но согласно договорот со државата, ќе ја добие оваа сума која за прв пат се објавува, објави Фактор.

Увид во целосната содржина на договорот, кој беше потпишан во август лани, Владата не овозможуваше, а единствено беше декларативно споменато дека државната помош за проектот ќе изнесува 35 отсто од вкупната инвестиција од 130 милиони евра и дека нема да има даночни ослободувања за инвеститорот.

Камен темелникот на фабриката беше поставен на 13 август, на годишнината од Охридскиот договор. Според она што беше најавено се очекува отворање на 900 нови работни места. Електричниот автомобил „Е-Go “ ќе биде првиот електричен автомобил што целосно ќе се произведува во нашата земја. Станува збор за германска компанија, а се очекува фабриката да произведува 30.000 автомобили годишно.

Вчера опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави видео снимка каде се гледа дека уште не се започнати никакви градежни активности за изградба на фабриката.

-Е оваа празна нива место фабрика по 235 дена е вистината за владеењето на ДУИ и СДС, ова е сликата за иднината со нив, скапи церемонии и свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС, и празни плацеви, наместо фабрики, изјави Стоилковски.

Додека власта и опозицијата се препукуваат за новата фабрика на електрични автомобили во Тетово, времето ќе покаже кој бил во право. Дали оваа инвестиција ќе биде реализирана и ќе го подигне технолошкиот развој на автомобилската индустрија на едно повисоко ниво, бидејќи Македонија досега имаше само фабрики за производство на автомобилски делови, но никогаш немала фабрика за производство на автомбили, или сето ова било PR за некои други цели.

Допуна: После информацијата дека е одобрена државна помош за фабриката за електрични автомобили.Ковачевски:Нема добиено државна помош фабриката за електрични возила, кога ќе почнат да градат тогаш ќе добијат.

error: Content is protected !!