Најавени три нови инвестиции во ТИРЗ-овите
Директорот на технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, најави денеска на брифинг, три нови инвестиции. Една во ТИРЗ Скопје, потоа во Штип и во Кичево. Со трите компании се постигнал договор а со едната на крајот на мај ќе се потпише.
– Имаме сериозен раст на уплатите во буџет од страна на компаниите кои што се корисници на ТИРЗ-овите, минатата година само по основ на придонеси и персонален данок има раст од 35% во однос на 2021 година, тоа значи дека уплатите во буџет ако 2021 биле негде 2 милијарди денари мината година се региситрани 2,75 милијарди денари, односно 750 милиони денари влегле повеќе во буџетот во однос на 2021 година. Тоа се должи на пред се на регистрираниот раст на вработени од 17% и засилената динамика на раст на палтите, изјави Деспотовски.