ММФ потврди дека постепено се напушта доларот како резервна валута

Директорката на меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева изјави дека доларот постепено го губи статусот на главна светска резервна валута, но додека и дека не гледа алтернатива за американската валута во скоро време.

„Дојде до постепено напуштање на доларот, од 70 на 60% од резервите“, изјави на конференција на Милкен институтот во Калифорнија.

Според Георгиева , еврото може да се гледа како најголем конкурент на доларот, додека британската фунта, јапонскиот јен и кинескиот јуан „играат многу скромна улога“. Таа додаде дека не гледа алтернатива ни во светот на дигиталните валути.

Таа додаде дека водечки фактор за довербата во валута на одредена држава е силата на нејзината економија и длабочината на пазарот на капитал.

Георгиева ги наброја случувањата кои предизвикаа шок на финансискиот пазар во изминатите години, конфликтот на Русија и Украина и скокот на каматните стапки по годините лабава монетарна политика, нарекувајќи ги „серија на незамисливи настани“.

Според неа брзото преминување од ниски на високи каматни стапки ги откри слабите точки на финансискиот сектор на САД, а големата изложеност на банкарскиот сектор на кризата била изненадување за аналитичарите на ММФ.

error: Content is protected !!