Пад на германското индустриско производство

Германскиот Завод за статистика (Дестатис) денеска објави дека индустриско производство во март бележи остар пад, пред сè во автомобилскиот и градежниот сектор.

Во март производството е намалено за 3,4% во споредба со февруари, кога според ревидираните податоци е зголемено за 2,1 %.

Според „Дестатис“, производството на моторни возила и автоделови е намалено за 6,5%, а производството на машини и опрема за 3,4%.

Додека во градежништвото е забележан пад од 4,6%.

Во првите три месеци од оваа година производството било за 2,5% поголемо во споредба со последниот квартал од 2022 година, наведува германскиот Заводот за статистика.

Податоците за новите нарачки во март сигнализираат дека индустријата се соочува со тежок период, судејќи според падот на побарувачката од 10,7% во март во споредба со претходниот месец, најголем од пандемијата во 2020 година.

Во автомобилскиот сектор новите нарачки се намалени во март за 12,2%во однос на февруари, а во секторот за производство на машини за 5,9%.

– Германското производство сè повеќе ги чувствува последиците од растот на каматните стапки во светот, кои сè повеќе ја забавуваат економијата, изјави економистот во Commerzbank, Ралф Солвен.

error: Content is protected !!